Наш изборНаш ИзборОхрид

Левица: Општина Охрид со градоначалникот Пецаков е една од најнетранспарентните општини

Во неколку наврати се побарани информации од јавен карактер до општина Охрид и секогаш информациите стигаат задоцнето нецелосно или општината одбива да даде информација со различни причини, се вели во реакцијата од Левица.

Во продолжение ја пренесуваме реакцијата во целост:

Во разговор со правниците на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап на информации од јавен карактер, каде воедно се водат неколку жалби кон општината, ни беше посочено дека општина Охрид е една од најнетранспаретните општини во Македонија!

Недостатокот на транспарентност е сигнал на КОРУПЦИЈА и незаконско работење во општината, како и засилена партизација на институциите во Охрид, за што постојано алармира Локалниот огранок на Левица.

Оттука, јавно го прашуваме градоначалникот Кирил Пецаков зошто Општината се обидува да ги скрие информаците кои МОРА да се достапни за секој граѓанин на Охрид?

 

извор: Левица ЛО Охрид