АктуелноОхрид

(ФОТО) ОЕМУЦ „ Св.Наум Охридски“ дел од Државниот натпревар за ученички компании

Од 10-12 мај во хотел Дрим во Струга се одржа шестиот Државен натпревар за ученички компании во организација на Џуниор Ачивмент Македонија. Нашето училиште на овој натпревар се претстави со две ученички компании. Комапнијата „ЦеХа4“ составена од учениците Ангел Крстески, Мартина Јосифоска, Мануел Симоноски, Јована Николоска и Един Мифтароски под менторство на професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески го претстави својот производ Дигестер за производство на метан со користење на органски отпад и компанијата „GreenForce“ составена од учениците Ана Спироска, Ана Атанасовска, Дарко Крлески, Климент Маријаноски, Александар Спасеновски под менторство на професорката Ирена Ралева Најдевска кои ја претставија својата апликација TrashPinger која се користи за пријавување на диви депонии.
На овој натпревар беа пријавени 115 компании од средни училишта од целата држава, а на финалниот настан се претставија 25 ученички компании од 20 училишта од 14 градови од Македонија меѓу кои беа и нашите две компании.
Натпреварот се состоеше од два дела. Во првиот дел претставниците од ученичките компании имаа усна презентација, а во вториот дел ги претставија своите услуги или производи на своите штандови.
Натпреварот претставува едно позитивно искуство како за учениците така и за менторите бидејќи нашето училиште за првпат настапи на еден ваков натпревар.
На учениците и менторите им честитаме за постигнатиот успех и им посакуваме успешна практична реализација на нивните идеи.