АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Димитар и Наталија од охридската гимназија со прва награда на државниот натпревар по музичка уметност

Одличен настап на нашите ученици Димитар Веслиевски и Наталија Танеска на државниот натпревар по музичка уметност “Вива ла музика” кој се одржа на 6 Мај во Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп. И Димитар и Наталија освоија прва награда . На натпреварот на кој учествуваа 142 ученици од сите основни и средни училишта ги придружуваа професорите Александар Димоски и Михаил Патчев како и ученици од нашата Гимназија како поддршка. На нашите ученици им посакуваме уште успешни настапи и освоени награди и со своите прекрасни гласови да продолжат да го разубавуваат и збогатуваат училишниот живот.

 

Гимназија Охрид