АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Грдоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со конзулатот на Република Чешка Давид Чернохорски

Денес градоначалникот Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со конзулот на Република Чешка во Македонија, Давид Чернохорски.

На средбата беше разговарано за остварување на соработка во повеќе области, а акцент беше ставен на привлекување чешки инвестиции во Охрид. Потенцирано беше дека општината и конзулатот негуваат добри односи и се разгледуваа можности за нивно издигнување на повиско ниво.

Соговорниците се сложија дека веќе постоечките чешки инвестиции низ државата, а и во Охрид имаат одлични услови за создавање на бизнис. За таа цел беше разговарано за организирање посета од страна на чешка делегација во Охрид, која би била предводена од претседателот на економскиот совет при чешкиот парламент, пред која ќе бидат претставени можностите и условите што Охрид ги нуди за инвестирање.

 

 

општина Охрид