петок, ноември 15, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Одбележување на Светскиот ден на Црвен крст, 8 мај

На 8 мај 1828 година е роден големиот хуманист Андри Динан , основоположникот на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина а неделата од 8-15мај , како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Од срце“. Во тие рамки ќе бидат организирани следните активности:

-6 мај (сабота) во 9 чаот -Општински натпревар по прва помош

*08  мај 2023 (понеделник)      10:00 ~.   Отворен Инфо ден -прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст и како се станува волонтер на Црвен крст.

-08 мај 2023 (понеделник)      11:00      Полагање свежи цвеќе пред бистата на Анри Динан (седиште на Црвен крст)

-8-15 мај 2023      Работилници за дисеминација -ширењето на знаењата за Црвен крст за волонтерите на Црвен крст Охрид.