АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

На Ѓурѓовден Литија -„Кревање крсти“ низ Враништа

06.05.2023 година Сабота кога го празнуваме
светиот великомаченик Георгиј Победоносец- Ѓурѓовден. Светата Богослужба ќе започне во 8 часот во СоборниотХрам Св.Никола.После завршувањето на богослужбата ќе започнеме со нашата многу вековна Литија,,Кревање крсти” при што ќе ги посетиме сите цркви во нашето село.Се замолуваат сите благочестиви и богољубиви враништани да се собереме во што поголем број и заеднички да упатиме молитви кон семилостивиот Господ Исус Христос за здравје,спасение и секаков добробит на нашево село и нашава татковина Република Македонија и за мир во целиот свет.
Христос Воскресе!
Собожји благослов отец Ристе Наумоски.