На 25.04.2023 во 18.45 часот во СВР Охрид, 33-годишен маж од Охрид пријавил дека околу 17.20 часот во угостителски објект во Охрид, лицата три лица од Скопје и уште неколку лица физички го нападнале и му го одзеле клучот од неговото патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки. Според пријавеното, при нападот едно од лицата го удирало со пиштол. Како што е пријавено, лицата му барале пари за наводен долг, за кој изјавил дека го вратил, а откако не им дал пари го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
извор: СВР Охрид