АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Презентирана новата донација од компанијата „Ховер крафт адриа“- „Ер Трекови“, специјализирана подлога за физички активности

Денеска ја презентиравме новата донација од компанијата „Ховер крафт адриа“, а тоа се „Ер Трекови“, односно специјализирана подлога за физички активности. Оваа компанија донира две вакви подлоги едната во ООУ „Климент Охридски“, а другата во ООУ „Григор Прличев“.
Компанијата „Ховер крафт адриа“ свој прозиводствен погон отвори неодмана во Охрид, а доаѓа благодарение на нашите заложби и лобирања за инвестирање во Охрид. Благодарение на коректниот однос на кој наидоа, менаџментот на компанијата донесе одлука за почеток, да донира две специјализирани подлоги.
Тука сакам да ја изразам мојата благодарност и да порачам и другите компании да го следат нивниот пример. Нашите заложби за привлекување на компании да инвестираат во Охрид, продолжуваат. Тоа го манифестираме преку градење партнерски односи и давање на поддршка во рамки на нашите ингеренции.
Ние како одговорна Локална самоуправа, постојано се грижиме и вложуваме во образовнието и развојот на децата. Затоа, вакви подлоги ќе набавиме и за останатите училишта на територија на Општина Охрид.
Изминатите денови набавивме топки за сите видови спортови, а пред велигденските празници и официјално го ставивме во употреба реконструираното повеќенамесно игралиште во склоп на училиштетот „Св. Климент Охридски“. Покрај подобрувањето на условите, тука е и поддршката на учениците преку стипендиите во повеќе категории, пишува во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.