АктуелноМакедонијаНаш изборНаш Избор

Катја, Ана и Ива од музичкото училиште се закитија со медали од Тревизо, Италија

Трите претставнички од Охрид, ученички во ООМУ „Методи Патче“, постигнаа забележителни резултати и се закитија со значајни награди помеѓу врсниците од Италија, Украина, Словенија, Хрватска, Македонија, Србија, Кина, Романија, Полска, Чешка, Германија, Австрија, Јужна Кореа, Албанија, Босна и Херцеговина и др.

– Од класата по пијано на Проф. М-р Ана Ѓорѓиоска, ученичката Катја Крстаноска освои прва награда во категоријата родени 2015 година. Ученичката Ана Кузманоска освои трета награда во категоријата родени 2009-2011 година. Од класата по флејта на Проф. М-р Нина Момировска, ученичката Ива Чанова освои трета награда, во категорија родени 2006-2008 година. Во оваа категорија беше доделена една прва награда, втората награда не се додели, а третата награда и’ припадна на нашата претставничка, информираат од ООМУ „Методи Патче“.

Додаваат дека и покрај големата конкуренција и високите критериуми на оценување, сите три наши натпреварувачки биле забележани од реномираното жири кое им упатило пофални зборови, како мотив и инспирација за идни достигнувања.

 

ohridpress.mk