АктуелноОхрид

„Журкај се во боите на ПХВ“ хуманитарна забава на Црвен крст Охрид

Финализираат активностите од овогодинешниот циклус Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) во кој преку 50 млади од Клубот на млади на Црвен крст Охрид изработуваат проектни активности насочени кон помош на ранливите категории во пошироката заедница, меѓу кои подобрување на животните услови на деветочлено социјално загрозено семејство, уредување на сензорна градина за лица со попреченост, уредување на парк во ЈЗУ Општа болница и друго.

Вредните и креативни младинци на Црвен крст Охрид секојдневно изнаоѓаат начини да соберат финансиски средства потребни за успешна реализација на овие проекти. За таа цел е и организирање на хуманитарната забава под мотото „ЖУРКАЈ СЕ ВО БОИТЕ НА ПХВ“ која ќе се реализира во Le Petit Bistro Lichnidos на 23.04.2023 г. (недела) со почеток во 20 ч.

 

Dress code за забавата се боите на ПХВ, жолто и бело.

 

За резервации достапни се телефонските броеви 075 505236 и 072 698480.

 

Ве очекуваме во недела, да се забавуваме со DJ Shoke, да бидеме хумани и да донираме!