АктуелноОхрид

Нарушен јавниот ред и мир на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид

На 15.04.2023 година во 16,45 часот, во угостителски објект лоциран на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, лице на (36) години  од Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија.

Тој е приведен и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.