АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 63-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се приклучувале жители од разни локации на градот. Играат старите против младите!  Натрпреварот традиционално се игра на спортското игралиште во училиштето Свети Климент Охридски.

Фудбал играа познати имиња од Охрид, а играше и градоначалникот Кирил Пецаков.

Теренот на ова спортско игралиште беше реновиран и целосно обновен непосредно пред Велгиден, а „сефте“ с е направи денес, со продолжување на оваа традиција на генерации Охриѓани.

фото: охрид 1