Даденото ветување на минатогодишниот традиционален фудбалски натпревар на повеќенаменското игралиште во училиштето “Св. Климент Охридски” целосно го исполнивме.
Тогаш дадов ветување дека игралиштето ќе биде целосно реконструирано пред одржувањето на овогодинешниот традиционален фудбалски натпревар и тоа го остваривме.
Игралиштето претрпи целосна реконструкција, ги заменивме оградите, спортските реквизите, трибините ги реконструиравме, а најважно од се е заменета на подлогата која беше во очајна состојба. Со тоа ова игралиште доби сосема нов лик.
Сега жителите на Стар град, а пред се учениците од ООУ “Св. Климент Охридски” имаат реконструирано игралиште достојно за сите потреби, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.