Со просечен неделен досег од 19,1% и дневен од 8,8 %, охридското Супер радио и во периодот јануари-март 2024 година останува водечки медиум во својот регион и еден од најпопуларните во Република Македонија.
Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални радио и Тв станици во вкупната слушаност и гледаност во периодот јануари-март 2023 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на Република Македонија.
Супер радио во ноември минатата година прослави 30. години од постоењето и останува водечки медиум во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).
Потврда за успешната работа на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба во 2017 година за досегашната успешна работа и придонес за градот.