Наш изборНаш ИзборОхрид

Левица:Локалната власт ги одби налепниците за обележување на службените возила во општина Охрид

На 11.04.2023 година, пред почетокот на 26 седница на Советот на Општина Охрид, советничката од Левица поднесе иницијатива и достави лепенки за обележување на службените возила.

 

За жал, ПОВТОРНО Советот ја одби оваа иницијатива!

 

Советничката Виолета Аврамоска од говорница истакна:

„Иако Претседателот на Советот тврди дека работните возила не се возат после работното време, меѓутоа ако не се користат зошто се плашите да ги обележиме?

 Преку информации од јавен карактер добивме информација дека имате 10 службени возила во општината.

 

За да не го оштетиме буџетот ние испечативме 20 налепници со кои можат да бидат обележани возилата, а потоа ќе поднесеме иницијатива да бидат обележани со таблици. Доколку нема кој да ви ги залепи од толку вработени, тогаш кажете – ќе ги залепиме ние“ – истакна Аврамоска.

 

Со обележување граѓаните ќе имаат увид дали се врши злоупотреба на возилата за приватни цели од страна на функционерите и вработените во Општина Охрид.

Повторно одбивање на оваа иницијатива покажува дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ нема политичка волја да воведе транспарентност во користењето на општинските ресурси.

Левица ЛО Охрид