На 08/09.04.2023 година, во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е 24 годиен охриѓанец. При преглед извршен во близина на угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид