На денешен ден, 7-ми април, во далечната 1999 година, кај Горно Блаце, Скопска Црна Гора беше убиен војникот Благојче Крстаноски. Крстаноски, роден во Ливоишта, охридско.
Крстаноски, беше македонски бранител и професионален војник во АРМ.
Загина на самата граница од снајперски оган. Благојче беше првата жртва на вооружените сили во независна Република Македонија, војник кој до последниот момент чесно и пожртвувано ја извршуваше својата должност во одбрана на татковината.
Благојче Крстаноски е посмртно одликуван со медалот за храброста од претседателите Борис Трајковски и Ѓорге Иванов.