Охрид

Утре, промоција на книгата за деца „Езерото ми раскажува“од Марина Шикова – Димовска

Во чест на роденденот на најголемиот писател за деца на сите времиња Ханс Кристијан Андерсон, (роден на 2 Април 1805) од 1967 година 2 Април се слави како  Светскиот ден на литературата за деца.

По тој повод, утре 3 април од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата за деца „Езерото ми раскажува“ од роднокрајната авторка Марина Шикова – Димовска.

Книгата содржи 14 куси раскази а авторката Шикова – Димовска во предговорот ќе рече: „На овие страници запишани се приказни што ги раскажуваат големите и мали езерски далги, коишто секојдневно се сведоци на безброј интересни, но и чудесни случки“…

Шикова – Димовска додава дека во расказите читателите – пред се’ децата читајќи ги, ќе се сретнат не само со тајните од подводниот свет, туку и со приказни за нивните врсници, за оние што живеат во близина на Езерото и нивните секојдневни авантури.

Промотор ќе биде м-р Милчо Јованоски а промоцијата ќе има интерактивен карактер.Ученици  од ОУ „Св. Климент Охридски“ откако ќе слушнат неколку раскази ќе имаат време да поразговараат со авторката а потоа своите импресии да ги изразат преку цртежи.

Издавач на книгата е ПНВ Публикации а изданието финансиски е помогнато од Општина Охрид.

 

 

НУ Библиотека