сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Пецаков: Во знак на поддршка на лицата со аутизам вечерва во сина боја ја осветливме зградата на Општина Охрид

Во знак на поддршка на лицата со аутизам вечерва во сина боја ја осветливме зградата на Општина Охрид.
Светскиот ден на свесноста за аутизмот е 2ри Април. Светски ден за подигнување на свеста за лицата со аутизам е прогласен во 2008 година. Од тогаш па наваму се одбележува секој 2 април. Во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушување денес светот се бои во сино, пишува во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.