АктуелноОхрид

Да помогнеме! Хуманитарна забава „Од срце за Бојан!“, на 23 годишниот стружанец му треба итна трансплантација на црн дроб

По иницијатива на претседателката на Факултетско студентско собрание при ФТУ, Фани Милошева во соработка со Младински Центар Охрид организираат хуманитарна акција за 23 годишниот стружанец Бојан Крстески.

За таа цел низ повеќе локали во Охрид поставени се кутии во кои се собираат финансиски средства. Доколку сте во можност да донирате, вашата донација може да ја дадете во Mr. I, Le Petit Bistro Lihnidos, Кадмо Бар, Shilla и Plan B, каде има поставени кутии за донации.

Милошева и младински центар во петок организираат и хуманитарна забава, која е поддржана од Кадмо Бар и Црвен Крст-Охрид.

ХУМАНИТАРНА ЗАБАВА ОД СРЦЕ ЗА БОЈАН!
Во петок (31.03.2023) со почеток од 22:00ч во Кадмо Бар, Охрид уште еднаш ќе докаже колку е хуман!
Ќе не забавуваат DJ Jana Slayy и DJ LBeat, a настанот е поддржан од Кадмо Бар и Црвен Крст Охрид.
Дојдете за уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост и со тоа да помогнеме во лекувањето на 23 годишниот Бојан Крстески. Да направиме тој повторно да ја види светлата страна на животот!
На Бојан му е потребна итна трансплантација на црн дроб која треба да се изврши во болница во Рим.

Влезниците ќе се продаваат на врата, по цена од 150 денари.
Инфо и Резервации: 079-252-740