АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Ковачески и Маричиќ не ја слушнаа „Ми заплакало селото Ваташа“ – не биле на „Буба Мара“

МАКЕДОНСКИ ПКРОС , НЕПОКОР !!! Овации од на нога за Адријана Јаневска и Игор Џамбазов за песната „Заплакало село Ваташа“ на Златна Буба Мара на популарноста.

Двајцата главни промотори на промената на името, употреба на терминот Северна и прифаќање на бугарските ултиматуми во оваа влада, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Маричиќ, не се појавија на годинешната ,,Златна Буба Мара” и се спасија од резил на јавна сцена.

На годинешната ,,Златна Буба Мара” која е снимена пред десетина дена а која се емитува вечерва на Канал 5 ниту еднаш не беше користен терминот Северна при споменувањето на Македонија.

Во еден дел од ,,Бубамарата” за дваесетина минути се случија неколку работи кои што се дијаметрално спротивни од обидот на Ковачевски и Маричиќ кои упорно наметнуваат употреба на Северна и разбирање за бугарскиот поглед на македонската историја, нација и идентитет.

Најпрвин Горан Пандов заблагодарувајќи се за наградата на крајот порача напред Македонија без да ја спомене северна.

Веднаш потоа се случи настап кој за Ковачевски и Маричиќ е ноќна мора.

Во извонреден сценски настап пејачката Андријана Јаневска заедно со хорот Мирче Ацев пееја песна за убиените 12 младинци во селото Ваташа од страна на бугарските окупаторски сили за време на бугарската окупација на Македонија во втората светска војна.

Во песната јасно се укажува дека ваташките младинци се убиени од фашисти односно од бугарски фашисти.

Паралелно со песната за масакрот кај Ваташа стихови од песната Цветови од Славко Јаневски која е инспирирана од бугарскиот злостор во Тиквешијата рецитираше Игор Џамбазов.

На крајот на овој блок и прославениот српски пејач Мирослав Илиќ пред скопската публика не зборуваше за северна туку само за Македонија.

Подоцна и македонистката Весна Мојсова Чепишевска која е директорка на Семинарот за македонски јазик упати пораки што би биле проблем за Ковачевски и Маричиќ затоа што за неа Гоце Делчев без дилема е најголемиот Македонец што за владата на СДСМ и ДУИ е предмет на преговори со Бугарија.

 

express.mk