четврток, март 28, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Основци од неколку училишта во Охрид денес остварија посета на општина Охрид

Учениците од трето одделение при OОУ „Григор Прличев“ и учениците од трето, четврто, петто, осмо и девето одделение при OОУ „Свети Наум Охридски“ од Пештани денеска беа во посета на Општина Охрид.
Ги примив младите гости во големата општинска сала и ги запознав со основните информации околу начинот на функционирање на локалната самоуправа, јавните претпријатија и општинскиот совет. Љубопитните ученици поставуваа низа интересни прашања, на кои со задоволство одговарав.
Ученичките посети се дел од наставната програма по предметите Општество и Граѓанско образование, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.