АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Без вода неколку часа одредени улици низ градот поради две одделени интервенции на водоводната мрежа

Поради две одделни интервенции на водоводната мрежа , денес од 09:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „7ми Ноември“(на потегот од улицата „Егејска“ до Пекара Феникс) и улицата „Марко Нестороски“ (на потегот од Алпојо до Пекара Феникс).

Прекинот за втората интервенција е на улиците „Славеј Планина“ и бул.„Туристичка“ (на потегот од Гимназија до бензиската пумпа Макпетрол), информираат од ЈП Водовод Охрид.