На Факултетот за туризам и угостителство денеска се одржа работилница „Како се прави домашен леб?“, заедно со професионалниот изработувач на различни видови тесто, Весна Миленкоска.
Студентите имаат можност да научат како се прави леб од кисело тесто, интегрален безглутенски, протеински леб за спортисти, нутритивно збогатен.
„Последниве 2.5 години го работам лебот со природен квас, стартер, спреман само со брашно и вода, и за изработка на лебовите користам само брашно вода и сол. Нема никакви доадотци, никаква хемија, ништо“ вели Весна Миленкоска – професионален изработувач на различни видови тесто.
Проф.Д-р Ангела Паскуале вели дека во тренд враќањето кон локалната кујна.
„Потребни се вода, сол, и квасец, за изработка на вкусен миризлив леб. Но сеуште е мал бројот на ресторани кај нас кои како дел од гастрономската понуда го имаат домашно подготвениот леб. Професионален и домаќински гест е кога гостинот ќе влезе во ресторанот пред да ја направи нарачката да се нагости со парче домашен леб и малку маслиново масло“, истакна Проф.Д-р Ангела Паскуале.
фото: Охрид 1