Охрид

Пред една година Илија паднал во отворена шахта и сега треба да плати 200.000 денари оштета

Охриѓанецот Илија Џепароски паднал во необезбедена шахта и се здобил со тешка повреда, по што поднел тужба против ЈП „Нискоградба“ и сега мора да плати отштета од 200.000 денари зашто не гледал каде се движи.

Џепароски вели дека случајот го изгубил и во Апелација, а наплатата е дадена на извршител.

– Пред една година, на улицата „Јане Сандански“ паднав во отворена шахта и се здобив со повреди. Шест месеци поминав по болници и случајот го дадов на суд. Од ЈП „Нискоградба“ се обидоа да се договориме, но јас не прифатив. Јас ги тужам за паѓање во отворена шахта и го губам спорот. Сега јас треба да им платам отштета. Шахтата беше отворена, а на истото место претходно падна и повозрасна жена. Пресудата беше „требало да гледам каде одам“. Се жалев и до Апелација, но го загубив случајот, вели Илија.

 

lider.mk