Ѕвездата на Гранд продукција Александар Јосифовски помеѓу два хита, се подготвува за свадбата со својата сакана Теодора. Иако веќе живеат заедно, решија за своите најблиски и пријатели да направат веселба во Охрид.
– Бидејќи ќе бидесепак една голема организација, со членови од моето големо семејство, свадбата ќе се одржи во Охрид. Сеуште немаме одлучено која ќе биде локацијата на угостителскиот објект во кој ќе се одвива нашата свадба, но би требало да се знае во скоро време, вели Александар.
тој открива дена венчаницата за неговата сопруга е веќе во изработка но не сакаат да откриваат повеќе детали.
zenskimagazin.mk