АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Ново хумано дело од Вранишката Парохија, подарен лап топ и два нови паметни телефони на дечиња од социјално семејство во Охрид

По неодамнешната хумана акција каде беше дониран електричен инвалидски скутер , овојпат од страна на Вранишката Парохија донирани се нов лап топ и два паметни телефони.
-Почитувани парохијани во склоп на Вранишката Парохија денес заедно со ваша помош успешно завршивме уште една од пред некое време започната хумана акција. На заедничка ваша и наша радост подаривме еден нов лап топ и два нови паметни телефони на дечиња од едно социјално семејство од Охрид. Бидејќи се работи за малолетни деца,фотографии не објавуваме, исто така и дарителите сакаа да останат во анонимност.
Некој од вас можеби со право ни давате критика дека ваквите објави наликуваат на фалба, но драги браќа и сестри во Христа Бога ние сметаме дека истите се наменети за оправданост спрема дарителите и поттик за понатамошни други Богоугодни дела! Господ Бог да ви дарува мир ,љубов, здравје и спасение на сите кои несебично се вклучувате во нашите акции.Нашето малку за некого е многу! Лесни и Богоугодни велигденски пости!
Со Божји благослов отец Ристе Наумоски.