АктуелноОхрид

17 март Ден на крводарителството и Ден на Црвен крст Охрид

Перманентната работа за промоврање  и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува во текот на секоја година. Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст Охрид и службите на трансфузиона медицина, со организирањето на крводарителски акции во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град.

Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв пеидонесе да бидат спасени многу човечки животи.

Честитајќи го 17 март, Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст, Црвен крст Охрид изразува благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот на крводарителството во Охрид и Дебарца и ги поканува на пригодна свеченост по просториите на Црвен крст Охрид, денес 17 март со почеток во 13 чаот, на која ќе бидат доделени признанија на заслужни крводарители, поединци, форми и институции кои помогнале во унапредување на крводарителството во Охрид и Дебарца во 2022 година.

 

Црвен крст Охрид