АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Денес се празнуваат Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск

Му беа другари на светиот Теодор Тирон. Кога славниот Теодор славно и умре, тие останаа во затворот после него и уште долго не беа осудени, зашто се обавуваше смената на царскиот намесник во градот Амесија. Кога стигна новиот намесник, уште понечовечен од својот претходник, нареди и му ги изведоа овие тројца. Сите беа млади, Клеоник и Евтропиј беа родени браќа, а Василиск му беше роднина на свети Теодор. Но, според братската љубов меѓу нив како да беа тројцата браќа. Така му рекоа и на намесникот: „Како што Светата Троица е неделива така и ние сме неделиви во верата и неразлачни во љубовта“. Сите ласкања на намесникот и сите обиди да го поткупи Евтропиј беа залудни. Тој прво го покани Евтропиј на вечера, но Евтропиј го одби со зборовите на Псалмот: „Блажен е оној човек кој не оди на совет безбожнички“ (Пс. 1,1). Потоа намесникот му понуди и огромно богатство – сто и педесет литри сребро – но Евтропиј и за ова го одби потсетувајќи го дека Јуда за сребро си ја изгуби душата. После сите обиди, малтретирања и мачења, Евтропиј и Клеоник беа осудени на смрт со распетие, а Василиск го убија со меч. Му благодареа на Бога Којшто ги удостои да заминат во радоста на Неговото Царство, во кое му тргнаа во пресрет на својот војвода свети Теодор, прославен од Христа, Господ и Победникот. Чесно пострадаа во 308 година.

denovi.mk