АктуелноОхрид

Бесплатен скрининг за рано откривање на бубрежни заболувања во петок на Нефрологија Струга

Одбележувајќи го месец март како месец на бубрегот, Специјализираната болница за нефрологија Струга, на 17 март најавува бесплатен скрининг за рано откривање на бубрежни заболувања.

Скринигот ќе се одвива во холот на амбулантно -поликлиничкиот оддел во период од 9-11 часот. Прегледот ќе содржи мерење крвен притисок , одредување на шеќер во крвта и анализа на урина.

 

 

strugaonline.mk