АктуелноОхрид

Штипјанец приведен во Охрид баран по централна потерница, поради бегство од затвор

На 13.03.2023 во 22.25 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 35 годишен штипјанец.
Тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Струмица, поради бегство од затворот.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

извор: МВР