АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Градоначалникот Пецаков со присетување на големата македонска маратонка Атина Бојаџи родена на денешен ден во Охрид

Како спортист, но и охриѓанец на овој ден морам да се присетам на нашата голема Атина Бојаџи – охридскиот делфин, поттикот за „Исправи се Делфина“, великан на македонскиот спорт со животно мото: „И покрај сите несреќи што ми се случија, секогаш одам напред и размислувам позитивно”.
Македонската маратонка во пливање е родена на денешен ден, 13 март во 1944 година во Охрид. Нејзината кариера е величествена, поим за Охридскиот пливачки маратон, но и во светски размери, а по многуте трки се враќала во родната земја со бројни признанија и награди, златни или сребрени медали.
Сакам да споменам и неколку работи кои се поврзани токму со нејзиното име и пливањето. Минатата година го реконструиравме отворениот Градски базен кој го носи името на Бојаџи, санирани и исфарбани се коритата на олимпискиот и детскиот базен, а уредени се и трибините со цел Охрид повторно да биде расадник на млади и успешни пливачи.
Овогодишното издание на ,,Охридски пливачки маратон” е ставено во Програмата за спорт на Општина Охрид и технички организатор е Пливачки клуб ,,Охридски бранови 2008“ – Охрид.
За првпат оваа година организираме ,,Фестивал на водените спортови – Охрид 2023”, спортско-туристички настан кој ќе трае 7 дена.
Единствена во многу нешта, пожртвувана мајка, пред сè голем човек се атрибутите поради кои јас сум убеден дека Атина Бојаџи и таму горе се гордее кога се вложува и се работи за пливањето и Охрид, пишува во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.
May be an image of one or more people and outdoors