АктуелноОхрид

Зајакнати контроли на СВР Охрид – затекнати пет возачи кои управувале возила под дејство на алкохол

На 10/11.03.2023 година од 23 до 05 часот, при извршени контроли во патниот сообраќај на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 05 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-01, Струга- 02, Кичево-02. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

Извор: СВР Охрид