петок, ноември 22, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Во авионот кој вчера наместо во Охрид, принудно слета во Виена, на патник му пукнала боца од лек за астма

Летот на Wizz Air W67778  кој вчера полета од Дортмунд и требаше да слета во Охрид беше пренасочен кон Венеција поради итна медицинска помош на патник во авионот, соопшти портпаролот на аеродромот „Марко Поло“ во Венеција на прашање на 24RHEIN.

„Можеме да потврдиме дека на еден патник му се слошило за време на летот. Авионот морал итно да слета на аеродромот во Венеција за да му овозможи на патникот веднаш да добие медицинска помош.

Неофицијално дознаваме дека за време на летот над хрватско-босанската граница на патник со астма му пукнала боцата од лекот.

Сеуште не се знае здравствена состојба на патникот освен дека лицето вчера беше примено во болница.

Инаку Авионот со број на летот W67778 „полетал според планираното“ во четвртокот наутро во 9:55 часот на аеродромот во Дортмунд, како што потврдила за 24RHEIN портпаролката на аеродромот Симоне Бедекер. Веб-страницата Flightradar24 покажа дека Ербасот бил пренасочен околу 11:30 часот во близина на хрватско-босанската граница и нагло се упатил кон Венеција, аво 13 часот и 15 минути „Визер“ успеа да го продолжи летот до планираната дестинација во Охрид.

фото: PRTSC