На 01.03.2023 во 00:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 18 годишно лице од Охрид излетало од коловозот.
По несреќата, возачот и сопатниците 22 и 34 годишни Охриѓани биле пренесени во специјалната болница „Св.Еразмо“, каде на двајца од нив им биле констатирани тешки телесни повреди, додека на третиот сопатникот му биле констатирани телесни повреди – информира МВР.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид