Јавното претпријатие Водовод Охрид до Регулаторна комисија за енергетика на РСМ, согласно закон и Бизнис планот, достави информација за вкупните расходи и приходи врз основа на кои се утврдува цената на водата од страна на РКЕ.
Бислимовски може добро да провери дека расходите на ЈП Водовод Охрид се единствено зголемени во однос на електричната енергија, додека бројот на вработени во ЈП Водовод Охрид во изминатиот период постојано се намалува.
Како и досега, ЈП Водовод Охрид ќе ја почитува секоја одлука за тарифите на вода која ќе ја донесе РКЕ базирана на стручност, а не на политиканство.
ЈП Водовод Охрид