Охрид

Охрид ќе биде домаќин на Меѓународна конференција од областа на библиотекарството

На 27 и 28 април годинава, Охрид ќе биде домаќин на Третата Меѓународна конференција „Библиотеките како ризница на движното културно наследство“.

Во рамките на подготовките на Конференцијата во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид беа членовите на Организациониот одбор Андријана Апостоловска и Љупчо Јованов.

Во колегијален амбиент со домаќинот – директорот Милчо Јованоски гостите и дел од нашите колеги  беа разменети мислења од тековното работење на библиотеките кај нас а стана збор за престојниот голем собир на кој се очекуваат близу 200 библиотекари од земјава и странство.

Нашата Библиотека со самиот факт што конференцијата ќе се одржи во Охрид преку присуството и учеството со трудови на наши библиотекари ќе биде активен учесник во овој голем настан.

НУ Библиотека