Охрид

Погребалниот оператор „Две солзи“ ја продолжи лиценцата за работа уште за пет години

Погребалниот оператор „Две солзи“ доби продолжување на лиценцата и во наредните пет години да може да ја обавува својата дејност .  Управителот на овој оператор Владимир Мургоски вели дека од кога  работат на пазарот со оваа  специфична дејност ја постигнале својата цел да стават крај на монополот на погребалните услуги и бизнис.

Погребалниот оператор „Две солзи“ работи 10 години на Охрдскиот пазар.

Деновиве ја обновивме дозволата во министрството за транспорт  и врски. Продолжуваме посветено и одговорно со работата по пристапни цени, вели Мургоски.

Тој истакнува дека во овие 10 години покажале сериозен пристап кон работата , професионализмот, доверливоста … , додека успеале да направат раздвижување и драстично намалување на цените и услугите кои ги нудат.