АктуелноМакедонија

Петкоска: Од дигитализација добивме само дојави за бомби и хакирани системи, владата на СДС и ДУИ е неспособна, изборите се решение

Министерот Алити кој денес е тема за разрешување бидејќи стана жртва на пазарот изјавува, еден од клучните проблеми е и ќе продолжи да биде олеснувањето на услугите за граѓаните од страна на државните институции преку електронски пат. И како ги олесна услугите, преку ноќ за 300 проценти се зголемија цените на катастарските услуги. Хакнат бил системот ама дигиталните услуги биле лицето на модерната влада, а од личните  услуги можеле да изградат доверба кај граѓаните. Колку е модерната владата и колкава е довербата кај граѓаните ќе ви кажат денес докторите, една огромна нула, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска на денешната собраниска седница.

Петкоска посочи дека од изјавите дека дигитализацијата е на висока агенда на владата, единствено граѓаните добиле дојави за бомби и хакирани системи.

На 15 септември настапува Грковска, дигитализацијата е високо на агендата на владата. до толку сме дигитализирани и ИТ напреднати што секој ден имаме најави за бомби и хакирани системи. Пет дена после изјавата дека дигитализацијата е високо на владината агенда министерството за земјоделие една недела останува без електронски систем, а хакерите бараат пари за да го деблокираат. Доаѓа 21 септември веб страница на МОН е недостапна затоа што е хакирана, вели таа.

Колапс во пошта, одете си не знам кога да дојдете по пратката, системот е нападант. Матичните лекари не можат да препишат лек затоа што ФЗО го променил системот, па така хронично болните не може да добијат терапија на рецепт затоа што кога матичните пополнуваат им се бара број на лекарски извештај, резултат болни без терапија, преоптоварени матични лекари и специјалисти, додаде Петкоска.

Петкоска смета дека оваа влада прескапо ги чини граѓаните.

Кои црни реформи, што е асално во оваа држава па за да тече. Хакирани се сите системи, а државата ни е тотално хакирана. Македонските граѓани имаат чувство дека во Македонија не владее правото, туку владеат политичките елити на ДУИ поддржана од СДС, рече таа.

Оваа влада прескапо не чини, зошто желбата да се задржи власта е огромна, дури и по цена да се уништи државата. Ваква влада не може да ги решава проблемите, затоа што таа сама ги создава и затоа што таа самата е проблем, чие единствено решение се избори, заклучи Петкоска.

извор: ВМРО ДПМНЕ