среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Вработените во ,,Ванчо Питошески” Охрид оставени и без здравствено осигурување и без плата

Нема плата за јануари за вработените во Регионалниот центар ,,Ванчо Питошески” Охрид. Уште полошо е тоа што немаат ниту здравствено осигурување.

Претходно декемвриската плата ја зедоа дури на 3 февруари.

Вработените кои се обратија до редакцијата на ОХРИД 24, велат дека поголем проблем е немањето на здравствено осигурување.

Тие додаваат дека досега вакво нешто никогаш не се случило, па прашуваат во што е проблемот.

Тука треба да се напомене и фактот што речиси две години трае и реконструкцијата на училиштето и ученичкиот дом. Поради тоа учениците цела година не се во домот.

Според информациите на ОХРИД 24 реконструкцијата е забавена бидејќи немало пари.

извор: ОХРИД 24