Кровот и фасадата во музејот „Доктор Никола Незлобински“ во Струга се целосно реконструирани во рамките на проектот „Реконструкција на природонаучната поставка“, а предвидено е и преуредување на витрините со музејски збирки.
Директорката на установата Албулена Лита информира дека било извршено препокривање на кровната конструкција и оти целосно била реновирана фасадата на главната музејска зграда.
– Внатрешно направени се керамичарски работи на подот од изложбениот дел, зафати на таванот со комплетни молерофарбарски работи на таванот и ѕидовите, исткна Лита.
За реализација на проектот, посочи, биле озбезбедени 3.500.000 денари преку Министерство за култура.
nezavisen.mk