Студеното време и минусните температури замрзнаа мал дел од Охридското Езеро во месноста Мазија.
Инаку според најавите на матеоролозите по студеното утро денеска , преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.
И утре ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури. Во недела ќе има зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег на планините и на повисоките места. Од понеделник времето ќе биде стабилно со пораст на утринските и дневните температури.
фото: Охрид 1