АктуелноОхрид

Одлични резултати на учениците од ОЕМУЦ Св.Наум Охридски на општинскиот натпревар по математика

На општинскиот натпревар по математика што се одржа на 04.02.2023 година учествуваа и учениците од прва година Славчо Мургоски и Владимир Каланоски под менторство на професорката Емилија Колевска, при што и двајцата постигнаа одлични резултати. Ученикот Владимир Каланоски освои 80 поени, а ученикот Славчо Мургоски освои 71 поен со што и двајцата ученици ја освоија втората награда и добија можност за учество на регионалниот натпревар по математика кој ќе се одржи на 04.03.2023 година.
На учениците и менторот им честитаме за постигнатиот успех и им посакуваме успех и на регионалниот натпревар по математика.
OEМУЦ Св.Наум Охридски