Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на Општина Охрид („Сл. гласник на Општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесе решение за свикување на 23. вонредна седница на Советот на Општина Охрид.
Седницата ќе се одржи денеска напладне со само една точка на Дневен ред – Предлог-Заклучок за одобрување финансиска помош за настраданите од земјотресот на 6-ти февруари 2023 година во Република Турција и Република Сирија.
Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 5.000, а десетици илјади се повредени.
фото: Архива