Во ждрепката за групната фаза од Купот на Македонија, што беше извршена денеска во Ракометната федерација, ГРК Охрид за противник го доби актуелниот првак Вардар. Охрид и Вардар ќе играат во Групата 1, а победникот ќе се сретне со подобриот од средбата Јуниор КВ и Скопје.
Куп натпреварите во четвртфиналните групи се играат на 18/19 март, а завршниот турнир на кој ќе играат четирите најдобри, ќе се одигра на 14/15 мај.