АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Завршена реконструкцијата на санитарните јазли и електричната инсталација во ОУ „Братство Единство“ -Лескајца

Наша замисла е постојано инвестирање во образовните институции на територија на Општина Охрид . Во таа насока се одвиваат и нашите активности.
Во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца градежните зафати за реконструкција на санитарните јазли и електричната инсталација завршија.
Вредноста на реконструкцијата на санитарните јазли изнесува 1 313 600 денари, додека вредноста за реконструкција на електричната инсталација изнесува 824 188 денари, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.