АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Капење на полноќ во Враништа , традиција за Василица

Единствени и верни на традицијата, младите во Враништа го продолжуваат патот од нивните претци. Имено како дел од прославата на Православна Нова година или Василица, во Враништа неизоставен дел е капењето во Црн Дрим. Поточно се капат челниците кои во годината ги предводат василичарските обичаи во ова село.

Точно на полноќ вечерва тие влегоа во ладните води на реката Црн Дрим која тече покрај Враништа, ја отепаа василичарската песна а потоа со гранчиња сите се упатија кон своите домови, за среќа и бериќет. Ова традиционално се прави секоја година на 13-ти јануари на полноќ. Дополнително настанот е збогатен и со огномет.

Во текот на утрешниот ден 14-ти јануари, ќе се одржи дефиле на маски.

ВИДЕОТО НА ЛИНКОТ:

https://fb.watch/i1GoA1CHAj/