АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Топејнца со паричка, традиционално за Василица во Охрид

Постарите охриѓани знаат и го пренесеуваат на помладите, а денешните генерации се обидуваат да го зачуваат и продолжат ово ј стар традиционален охридски обичај.

Од дамнешни времиња традицијата во Охрид наложувала да се подготвува варена топејнца со паричка токму спроти денот посветен на Светиот Василиј Велики.

Имено, топејнцата во суштина значи варено тесто со некои додатоци да се добие на вкус и во него поставена паричка.

Топејнцата се подготвува од варено брашно варено тесто во кое има вода, сол, шеќер и брашно. Вареното тесто се дели на топчиња кои намастени  едно врз друго се плескаат колку што е ширината на тепсијата. Тестото се шара  засекувајќи го со лажица по целата површина на тепсијатат , на растојание од 1 цм и  се пече. Се става и паричката .

Се печи полека, а потоа се крши и се дроби како за попара. Може да се јаде и така, но традицијата не е довршена на тој начин. Се продолжува од кога ќе се искрши на парчиња да се пржи на тивок оган со саати,  да се истопи како алва. Дури тогаш се добива убав неспоредлив вкус со ниедно друго тестено јадење.