АктуелноОхрид

(ФОТО) Црквата „Св. Ѓорѓи“ ги објави резултатите од детскиот ликовно – поетски конкурс Христос во мојата душа

Конкурсот беше објавен во текот на декември 2022 год. и траеше до 6.01.2023 година и на него пристигнаа 23 ликовни творби и 8 поетски творби, односно вкупно 31 уметнички дела. Уште веднаш одбележуваме дека за наша радост сите пристигнати творби се одликуваат со креативност и детска интуитивност во кои провејуваат верата, љубовта и пријателството.
Вчерашниот ден на Бадник 6 јануари, се состана Комисијата за преглед на делата, која беше составена од пет членови:

протоереј-ставрофор Сашо Богдановски
протоереј-ставрофор Игор Никовски
Весна Пентелашевска
Виолета Павлоска и
Емилија Михајловска

Комисијата ги разгледа пристигнатите 31 дела и при тоа се раководеше од насловот на темата „Христос во мојата душа“, како и од исполнувањето на условите кои беа потребни за овој конкурс. Се забележа дека најголемиот дел од нив го исполнија критериумот, а тоа беше дека конкурсот е анонимен, и делото треба да биде потпишано со шифра после која во заграда ќе биде наведена годината на раѓањето.

Од пристигнатите 8 поетските творби се пристапи кон елиминација на 3 творби кои беа напишани од возрасни луѓе, но за нив ќе следи пригоден подарок .

Од пристигнатите 23 дела 4 од нив беа потпишани, факт кој што малку влијаеше околу одлуката за избор на првонаградените учесници.

Комисијата одлучи да бидат доделени прва, втора и трета награда за ликовна творба и за поетска творба, односно вкупно 6 награди, а останатите 22 учесници да добијат Пофалница за учеството. Двете први награди за ликовно и за поетско дело беа едногласно изгласани од страна на Комисијата.

1 место ликовно дело шифра: Меси (2010) Ристе Ристески
2 место ликовно дело шифра: 1203 (2013) Теодора Настевска
3 место ликовно дело шифра: Тигар (2013) Александра Шуканова
1 место поетско дело шифра: Божиќ (2013) Климентина Вероноска
2 место поетско дело шифра: Милост (2014)
3 место поетско дело шифра: Сончева бура (2012)

За освоеното второ и трето место за поетска творба, нивните автори не беа присутни во црковната сала и не ни се познати нивните имиња. Истите ги повикуваме да се претстават во црквата за да ги добијат своите награди.

Пофалници добија:

пофалница ликовно дело, шифра: Шарка (2010) Теона Јосифоска
пофалница ликовно дело, шифра: Буцко (2010) Теона Јосифоска
пофалница ликовно дело, шифра: (песна) род. 2012 Зара Тодороска
пофалница ликовно дело, шифра: Sвезда (2013) Климентина Вероноска
пофалница ликовно дело, шифра: Света Огнена Марина (2013) Ева Марија (презиме?)
пофалница ликовно дело, шифра: Охрид (2015) Никита Крцоски
пофалница ликовно дело, шифра: 040817 Петар Зафировски
пофалница ликовно дело, шифра: ЈМ 11 (2016) Јоана Рошкоска
пофалница ликовно дело, шифра: 0307
пофалница ликовно дело, шифра: 010814 Кирил Зафировски
пофалница ликовно дело, шифра: Sвонче (2009) Ангела Илиевска
пофалница ликовно дело, шифра: Sвезда (2012) Марија Тасеска
пофалница ликовно дело, шифра: Бадник (2011) Бојана Јолеска
пофалница поетско дело, шифра: празник (2013) Марија Алоска
пофалница поетско дело, шифра Божик (2011) Димитриј Алоски

Следните 3 учесници ги потпишаа своите дела, но не беа присутни за доделување на Пофалниците.

пофалница ликовно дело, шифра: Наташа Петреска, години 8
пофалница ликовно дело, шифра: Михаил Трајкоски, години 10
пофалница ликовно дело, шифра: Филип Петрески, години 10

пофалница ликовно дело, шифра: Сончева бура (2012)
пофалница ликовно дело, шифра: Лав (2013)
пофалница ликовно дело, шифра: Барби (2017)
пофалница ликовно дело, шифра: Голман (2015)

Им честитаме на наградените и на пофалените. Господ да им го умножи талентот на сите учесници во Конкурсот.
ХРИСТОС СЕ РОДИ.
НАВИСТИНА СЕ РОДИ.

извор: ФБ Црква „Св. Ѓорѓи“ – Охрид