АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: Божик е денот на Христовото раѓање, празник на радоста, утехата и благодарноста – Христос се роди! Навистина се роди!

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до сите православни верници по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик.
Божик е денот на Христовото раѓање, празник на радоста, утехата и благодарноста.
Со раѓањето Исус Христос на човештвото му ја даде силата и власта да ги победи гревот и смртта.
Во духот на празникот да ги потврдиме патот на љубовта и спасението на човековиот род и патот за напредок на Охрид и промени во Република Македонија.
Да си ги негуваме и почитуваме историјата, културата, јазикот, градот и татковината.
Да бидеме здрави и добри, среќни и радосни, незлобни и чесни, чисти и полни со љубов.
Христос се роди!
Навистина се роди!
Честит Божик!

извор: ОК ВМРО ДПМНЕ